ТАТКОТО НА МЕГАН МАРКЛ УАПСЕН ВО ФЛОРИДА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА

    ТАТКОТО НА МЕГАН МАРКЛ УАПСЕН ВО ФЛОРИДА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈАМинистерството за правда на САД соопшти дека Маркл го чувал материјалот во две складишта во областа на Лос Анџелес (Фото: Шатерсток)

    Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, е уапсен за чување детска порнографија, вклучувајќи фотографии од него со малолетни девојчиња, во изнајмени складишта во Калифорнија, соопштија американските власти. Директорот на ФБИ, Каш Пател, изјави дека федералните агенти го уапсиле Маркл во Флорида.

    „Маркл таргетирал невини деца и се обидел да ја одзеде нивната невиност преку своите криминални дејствија. ФБИ ќе ги искористи сите ресурси што му се на располагање за да ги заштити невините деца. Секој предатор кој ги таргетира децата нема да има никакво безбедно засолниште во оваа земја или каде и да се обиде да се скрие“, кажа Пател.

    Маркл (82) е обвинет за поседување детска порнографија, соопшти Канцеларијата на американскиот обвинител за Централниот округ на Калифорнија.

    „Маркл е обвинет за поседување материјал со сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи фотографии на кои се прикажува себеси со малолетни девојчиња. Овие обвинувања се исклучително сериозни“, рече првиот помошник-државен обвинител на САД, Бил Есали.

    Министерството за правда на САД соопшти дека Маркл го чувал материјалот во две складишта во областа на Лос Анџелес, што ги изнајмувал речиси две децении. Агентите заплениле приближно 78 предмети, вклучувајќи слајдови, филмски негативи и книги што содржат детска порнографија.

    Властите на Филипини, каде што Томас Маркл претходно живееше некое време, минатиот месец започнаа истрага против него поради наводи дека поседувал слики од сексуална злоупотреба на деца.

    Меган Маркл, која се омажи за помладиот син на кралот Чарлс, принцот Хари, во 2018 година, изјави дека е длабоко потресена поради обвинувањата. Таа и татко ѝ одамна не се во добри односи и тој не присуствуваше на нејзината венчавка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира