ТЕАТРИ И МУЗЕИ ВО ХОЛАНДИЈА НА ЕДЕН ДЕН СТАНАА ФРИЗЕРНИЦИ И ТЕРЕТАНИ ОТИ ВЛАДАТА ГИ ДРЖИ ЗАТВОРЕНИ

    ТЕАТРИ И МУЗЕИ ВО ХОЛАНДИЈА НА ЕДЕН ДЕН СТАНАА ФРИЗЕРНИЦИ И ТЕРЕТАНИ ОТИ ВЛАДАТА ГИ ДРЖИ ЗАТВОРЕНИмузејот „Ван Гог“ во Амстердам нуди потстрижување брада, шишање и маникир (Фото: ЕПА)

    Десетици театри и музеи во Холандија на еден ден се претворија во фризерски салони и теретани во знак на протест против континуираното затворање на културните установи во земјата, иако рестрикциите беа олеснети во други сектори.

    Холандија прогласи целосен карантин во декември и иако дел од мерките беа олеснети минатата недела, кога повторно почнаа да работат фризерските салони, теретаните и борделите, премиерот Марк Руте кажа дека кината, театрите, музеите и концертните сали ќе останат затворени.

    Поради тоа, десетици уметнички организации денеска организираа протест наречен „Театарски фризер“, во кој театрите отворија како фризерници, а некои музеи како теретани. Така музејот „Ван Гог“ во Амстердам нуди потстрижување брада, шишање и маникир. Акцијата ја поддржаа и некои славни личности.

    Минатата недела, во Холандија имаше 243.000 нови случаи на коронавирус, но бројот на хоспитализации е во пад.

    „Приоритетите не се јасни. Зошто театрите остануваат затворени, додека на продавниците им е дозволено да работат“, изјави комичарот Сане Валис де Фрис, еден од организаторите на протестот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира