ТЕПАЧКА ЗА ВАКЦИНИ И ВАУЧЕРИ ОД 25 ЕВРА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО БЕЛГРАД

    ТЕПАЧКА ЗА ВАКЦИНИ И ВАУЧЕРИ ОД 25 ЕВРА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО БЕЛГРАДОтворањето беше закажано во девет часот, но голема редица се направи уште во осум (Фото: ЕПА)

    Голема гужва се создаде утрово во трговскиот центар „Ушќе“ во Белград, каде што граѓаните дојдоа да се вакцинираат против ковид-19 без закажување, но и да освојат ваучер од 3.000 динари (25 евра). Тој како награда им следуваше на првите 100 кои дојдоа на новоотворениот пункт за вакцинирање.

    Иако отворањето беше закажано во девет часот, граѓаните направија голема редица пред трговскиот центар уште во осум часот. Метежот потоа се префрли внатре, каде што се формираа долги редици во ходниците и на подвижните скали.

    Ваучери за најбрзите ќе се делат и во наредните денови. Како што е најавено, 50 граѓани утре ќе добијат ваучер од 5.000 динари, а за првите 50 кои ќе дојдат в сабота ќе има ваучер во вредност од 3.000 динари.

    Заменик градоначалникот на Белград, Зоран Весиќ, изјави дека до вчера, речиси 490.000 жители на Белград се вакцинирале со две дози, што е 35% од полнолетното население.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира