ТЕРЕЗА МЕЈ ГО ОСУДИ ТРАМП ШТО ПОСТИРАЛ АНТИМУСЛИМАНСКИ ВИДЕА НА ТВИТЕР

    ТЕРЕЗА МЕЈ ГО ОСУДИ ТРАМП ШТО ПОСТИРАЛ АНТИМУСЛИМАНСКИ ВИДЕА НА ТВИТЕРТрамп ги реобјави снимките без коментар (Фото: Гардијан)

    Доналд Трамп ретвитна неколку антимуслимански видеа, постирани од еден од водачите на британска десничарска група, што предизвика ретка осуда од премиерката Тереза Меј, која ја опиша неговата постапка како погрешна.

    Во една од снимките, постирана од Џејден Франсен од „Британија на прво место“, наводно се гледа како група муслимани туркаат момче од покрив. Друго видео посочува дека еден муслиман крши статуа на девица Марија, а во трето, муслимански емигрант, наводно, удира момче во Холандија.

    Веродостојноста на последното видео веднаш беше оспорена, бидејќи холандската полиција и медиумите никогаш не сугерирале дека напаѓачот е муслиман.

    Трамп ги реобјави снимките без коментар, по што се сврте кон својата омилена тема, лажни вести на Си-Ен-Ен.

    „‘Британија на прво место‘ сака да го подели општеството со својот говор на омраза, ширејќи лаги и тензија. Британскиот народ ја отфрлува оваа реторика“, кажа Меј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира