ТЕРОРИСТОТ ОД ВИЕНА БИЛ ВО ЗАТВОР ЗА ОБИД ДА СЕ ПРИДРУЖИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВО СИРИЈА, НО БИЛ ОСЛОБОДЕН ВО ДЕКЕМВРИ

    ТЕРОРИСТОТ ОД ВИЕНА БИЛ ВО ЗАТВОР ЗА ОБИД ДА СЕ ПРИДРУЖИ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВО СИРИЈА, НО БИЛ ОСЛОБОДЕН ВО ДЕКЕМВРИПолицијата извршила претрес во домот на напаѓачот, при што запленила видеоматеријал (Фото: АП)

    Австриската полиција го идентификуваше извршителот на синоќешниот терористички напад во Виена како 20-годишник со потекло од Северна Македонија, додавајќи дека тој сакал да се придружи на Исламска држава во Сирија. Тој беше убиен од полицијата, а досега е потврдено дека загинаа и четири цивили. Седуммина од повредените се во тешка состојба.

    „Убиениот напаѓач несомнено беше поддржувач на радикалната исламистичка терористичка милиција Исламска држава. Тој бил осуден на 22 месеци затвор на 25 април 2019 поради обидот да замине за Сирија за да се бори на страната на Исламска држава. Бил пуштен на условна слобода на 5 декември бидејќи се сметал за млад престапник“, изјави министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за агенцијата АПА.

    Тој додаде дека напаѓачот бил роден во Виена и дека имал двојно државјанство, австриско и македонско. При нападот носел автоматска пушка, пиштол, мачета и лажен елек со експлозив.

    Полицијата извршила претрес во домот на напаѓачот, при што запленила видеоматеријал, како и во уште 15 куќи. Неколку лица се уапсени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира