ТИ БЛАГОДАРАМ ДРАГА МАМА ЗА ЉУБОВТА И ПОСВЕТЕНОСТА КОН СЕМЕЈСТВОТО И НАЦИЈАТА, КАЖА ЧАРЛС ВО ПРВОТО ОБРАЌАЊЕ КАКО КРАЛ

    ТИ БЛАГОДАРАМ ДРАГА МАМА ЗА ЉУБОВТА И ПОСВЕТЕНОСТА КОН СЕМЕЈСТВОТО И НАЦИЈАТА, КАЖА ЧАРЛС ВО ПРВОТО ОБРАЌАЊЕ КАКО КРАЛЧарлс попладнево се врати во Лондон и утре треба да биде прогласен за крал (Фото: АП)

    Новиот британски крал Чарлс Трети ги прогласи принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт за војвода и војвотка од Велс, предавајќи им ги титулите што претходно ги носеа тој и покојната принцеза Дијана.

    Знам дека нашите нови принц и принцеза од Велс ќе продолжат да инспирираат и да ги водат нашите национални дискусии“, кажа Чарлс Трети во своето прво обраќање како крал.

    Тој попладнево се врати во Лондон од Шкотска и утре треба да биде прогласен за крал, но претходно ѝ оддаде почит на својата мајка, која почина вчера на 96 години. 

    Низ нејзиниот живот, нејзиното височество кралица, мојата омилена мајка, беше инспирација и пример за мене и за целото семејство и сите ние имаме огромен долг кон неа. Кралицата Елизабета имаше убаво проживеан живот. Се жртвуваше за должност и уште во 1947 година вети дека ќе го посвети својот живот за да му служи на својот народ. И јас денеска пред сите вас го обновувам ветувањето за доживотна служба“, кажа Чарлс.

    Тој изјави дека е свесен дека неговиот живот сега ќе се промени со новите одговорности.

    Ова е голема промена и за моето семејство. Сметам на помошта од мојата сакана сопруга Камила, чија лојална јавна служба во изминатите 17 години беше призната со тоа што беше прогласена за кралица. Сакам да ја изразам мојата љубов и кон Хари и Меган додека продолжуваат да градат нов живот во САД“, рече Чарлс.

    На крајот од претходно снимениот говор, тој ѝ се заблагодари на својата мајка „додека го почнува своето последно патување за да му се придружи на неговиот татко“.

    Драга мама, ти благодарам за љубовта и посветеноста кон семејството и целата нација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира