ТИГАР ВО ЊУЈОРШКА ЗООЛОШКА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    ТИГАР ВО ЊУЈОРШКА ЗООЛОШКА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУССе очекува заразените животми целосно да заздрават. - Еден од малајските тигри во Зоолошката градина во Бронкс (Фото: Гети)

    Четиригодишна женка на малајски тигар од Зоолошката градина во Бронкс, Њујорк, имала позитивен тест на коронавирус и се верува дека ова е прв познат случај на пренесување на вирусот од човек на животно.

    Резултатот на тестот бил потврден во Националната ветеринарна лабораторија во Ајова.

    Се верува дека тигрицата Надја, како и шест други големи мачки, биле заразени од асимптоматичен чувар во зоолошката. Мачките почнале да покажуваат симптоми, вклучувајќи сува кашлица, на крајот на минатиот месец.

    „Ова е првпат каде било во светот да дознаеме дека човек може да зарази животно и тоа да се разболи“, изјави Пол Кале, главниот ветеринар во Зоолошката градина во Бронкс.

    Надја, нејзината сестра Азул, два амурски тигра и три африкански лава имале симптоми и се очекува целосно да заздрават. Други животни во зоолошката досега не покажале никакви симптоми.

    Овој случај е опишан како необичен, бидејќи за пренесувањето на коронавирусот од човек на животно досега не се знаеше доволно. Неколку случаи на заразени животни биле пријавени во Хонгконг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира