ТИНЕЈЏЕРОТ КОЈ НАПАДНА СИНАГОГА ВО САН ДИЕГО БИЛ ИНСПИРИРАН ОД МАСАКРОТ ВО КРАЈСТЧРЧ

    ТИНЕЈЏЕРОТ КОЈ НАПАДНА СИНАГОГА ВО САН ДИЕГО БИЛ ИНСПИРИРАН ОД МАСАКРОТ ВО КРАЈСТЧРЧАвтомобилот користен од напаѓачот на синагогата близу Сан Диего, каде што беше убиено едно лице, а ранети беа уште тројца, вклучувајќи го и рабинот. (Фото: Ројтерс)

    19-годишникот од Калифорнија, уапсен ноќеска за пукањето во синагога близу Сан Диего, тврди дека бил инспириран од нападот на две џамии во Нов Зеланд минатиот месец. Полицијата во САД соопшти дека напаѓачот, именуван како Џон Ернест, пукал внатре во синагогата во Повеј, убивајќи едно лице и ранувајќи тројца други, вклучувајќи го и рабинот.

    Осомничениот Ернест на интернет форумот „8чан“ објавил антисемитско отворено писмо пред нападот на синагогата, слично на документот објавен од Брентон Тарант, кој на 15 март уби 50 луѓе во вооружен напад на две џамии во Крајстчрч Нов Зеланд.

    Во писмото, Ернест со пофалби зборува за нападот на Тарант и тврди дека подметнал пожар во џамија во Калифорнија, една недела по пукањето во Крајстчрч.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира