ТОА Е КРАЈНО НЕМОРАЛЕН ПРЕДЛОГ, КАЖА УКРАИНА ЗА РУСКИТЕ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ КОИ ВОДАТ КОН РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈА

    ТОА Е КРАЈНО НЕМОРАЛЕН ПРЕДЛОГ, КАЖА УКРАИНА ЗА РУСКИТЕ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ КОИ ВОДАТ КОН РУСИЈА И БЕЛОРУСИЈАОд почетокот на руската инвазија, повеќе од 1,5 милиони луѓе избегаа од Украина (Фото: АП)

    Украина кажа дека рускиот предлог хуманитарните коридори да водат кон Русија и Белорусија е комплетно неморален. Москва утрово прогласи примирје во Киев, Харкив, Мариупол и Суми, одредувајќи маршрути за цивилното население, од кои повеќето завршуваат во Русија и нејзиниот сојузник Белорусија.

    „Овие луѓе се граѓани на Украина и би требало да имаат право да бидат евакуирани на украинска територија. Ова е крајно неморален трик. Страдањата на луѓето се користат за да се создаде посакувана телевизиска слика“, изјави портпарол на украинскиот претседател Зеленски.

    Според она што го објави руската новинска агенција „РИА“, коридорите требаше да бидат отворени во осум часот по македонско време. Коридорот од Киев води кон Белорусија, а цивилите од Харкив ќе можат да заминат само во Русија. Од Мариупол има маршрути кон Русија и украинскиот град Запорожје, а од Суми кон Белгород (Русија) и Полтава (Украина).

    Изминатиот викенд имаше два обида за примирје и за евакуација на цивилното население од Мариупол и Волноваха, но пропаднаа за кратко време, за што двете страни меѓусебно се обнинуваа.

    Од почетокот на руската инвазија пред 12 дена, повеќе од 1,5 милиони луѓе избегаа од Украина, од кои еден милион во Полска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира