ТОЛКУ ЛИ Ѝ СЕ ПЛАШИТЕ НА РУСИЈА ШТО НЕ НИ ПРАЌАТЕ АВИОНИ И ТЕНКОВИ, ИМ КАЖА ЗЕЛЕНСКИ НА ЗАПАДНИТЕ НАЦИИ

    ТОЛКУ ЛИ Ѝ СЕ ПЛАШИТЕ НА РУСИЈА ШТО НЕ НИ ПРАЌАТЕ АВИОНИ И ТЕНКОВИ, ИМ КАЖА ЗЕЛЕНСКИ НА ЗАПАДНИТЕ НАЦИИРусија потврди дека вчера го ракетирала Лавов со високо прецизни крстосувачки проектили (Фото: АП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш побара од западните нации да испратат само мал дел од нивните залихи оружје и ги запраша дали се плашат од Москва. Неколку земји ветија дека ќе испратат противтенковски и противвоздушни проектили, но Зеленски вели дека на Украина ѝ требаат тенкови, авиони и противбродски системи.

    „Тоа е она што го имаат нашите партнери и само собира прашина кај нив. Ние се бориме не само за слободата на Украина, туку и за слободата на Европа. На Украина ѝ треба само 1% од вашите тенкови и авиони, не бараме повеќе“, изјави Зеленски.

    Тој ја обвини Москва дека сее длабока омраза кон Русија меѓу Украинците со тоа што константно ги гранатира и ракетира градовите и убива цивили. Вадим Денисенко, советникот на министерот за внатрешни работи, кажа дека Русија почнала да ги напаѓа и украинските складишта на гориво и храна.

    „Чекаме веќе 31 ден. Кој е главен во евроатлантската заедница? Да не е Русија? Дали толку ѝ се плашите на Москва?“, кажа Зеленски.

    Тој изрази разочарување што руските борбени авиони сè уште не се префрлени од источна Европа во Украина.

    „Цената на одолговлекувањето со авионите е илјадници украински животи“.

    Британското министерство за одбрана кажа дека руската војска се обидува да ги окружи украинските сили во сепаратистичките источни региони, при што напредува од правецот на Харкив и Мариупол. Москва пред неколку дена кажа дека фокусот на „специјалната воена операција“ ќе се сврти кон целосното ослободување на Донбас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира