ТРАЕКТ СО 267 ЛУЃЕ СЕ ПРЕВРТЕ КАЈ СЕВЕРЕН КИПАР, НАЈМАЛКУ СЕДУМ МРТВИ

    ТРАЕКТ СО 267 ЛУЃЕ СЕ ПРЕВРТЕ КАЈ СЕВЕРЕН КИПАР, НАЈМАЛКУ СЕДУМ МРТВИБродот почнал да тоне околу седум километри од брегот (Фото: принтскрин)

    Патнички брод со околу 270 луѓе се преврте кај Северен Кипар и во тек е операција за пребарување и спасување, во што учествува и турската војска. Премиерот на Северен Кипар, Унал Устел, изјави дека загинале најмалку седум луѓе.

    Мурат Сенкул, градоначалникот на крајбрежниот град Киренија, изјави дека 237 луѓе се спасени, а 23 се водат како исчезнати.

    „Ситуацијата е многу сериозна“, рече тој.

    Во бродот почнала да навлегува вода на околу седум километри од брегот. Локалната телевизија емитуваше снимки од превртениот траект во водата, додека на неговиот труп се гледаат луѓе кои носат елеци за спасување. На бродот којпатувал за турскиот град Мерсин биле 259 патници и осум члена на екипажот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира