ТРАМП ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД ПАРИСКИОТ КЛИМАТСКИ ДОГОВОР ОТИ ТОЈ БИЛ ИЗБРАН ВО ПИТСБУРГ, А НЕ ВО ПАРИЗ

    ТРАМП ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД ПАРИСКИОТ КЛИМАТСКИ ДОГОВОР ОТИ ТОЈ БИЛ ИЗБРАН ВО ПИТСБУРГ, А НЕ ВО ПАРИЗПод водство на претходникот на Трамп, Барак Обама, САД се обврза да ги намали емисиите на штетни гасови за околу 1,6 милијарди тони до 2025 година. - Доналд Трамп на денешната прес-конференција (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги повлекува САД од Парискиот климатски договор, нанесувајќи тежок удар на напорите ширум светот за борба против климатските промени и оддалечувајќи ја земјата од многу сојузници во странство. Тој кажа дека САД ќе обиде повторно да се приклучи на договорот ако може да издејствува поповолни услови.

    Оценувајќи ја својата одлука како „повторно воспоставување на американската сувереност“, Трамп кажа: „Јас сум избран да ги претставувам граѓаните на Питсбург, а не на Париз“.
    Ставајќи крај на шпекулациите кои траеја неколку недели, некои поттикнати и од самиот Трамп и неговиот кабинет, тој рече: „Од денеска, САД ќе престане со имплементација на необврзувачкиот договор“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира