ТРАМП ДОАЃА НА ОТВОРАЊЕТО НА ОБНОВЕНИОТ НОТР ДАМ НА 7 ДЕКЕМВРИ

    ТРАМП ДОАЃА НА ОТВОРАЊЕТО НА ОБНОВЕНИОТ НОТР ДАМ НА 7 ДЕКЕМВРИМакрон ја посети катедралата на 29 ноември, кога првпат можеше да се види нејзината обновена внатрешност (Фото: ЕПА)

    Доналд Трамп објави деке ќе дојде на отворањето на обновената катедрала Нотр Дам во Париз, што ќе биде негово прво патување во странство откако победи на претседателските избори во САД. Нотр Дам, едно од најомилените и најпосетени обележја на Париз, повторно ќе ги отвори своите врати за туристи оваа недела откако пред пет години беше делумно уништена во пожар.

    Трамп, кој ќе се врати во Белата куќа на 20 јануари, го фалеше францускиот претседател Емануел Макрон на својата социјална мрежа.

    „Претседателот Макрон заврши прекрасна работа, обезбедувајќи Нотр Дам да се обнови во сета своја слава, дури и повеќе од тоа. Тоа ќе биде многу специјален ден за сите“, кажа Трамп.

    Француската влада го поканила Трамп на церемонијата на отворањето на Нотр Дам в сабота и двете страни веќе ги договараат деталите од патувањето, изјави еден добро упатен извор. Засега нема потврда дали Трамп ќе се сретне со други странски лидери во Париз.

    Макрон ја посети катедралата на 29 ноември, кога првпат можеше да се види нејзината обновена внатрешност. Се проценува дека вкупната цена на обновата ќе биде 700 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира