ТРАМП ДОЗВОЛИ РУСКИ ТАНКЕР ДА ДОНЕСЕ НАФТА НА КУБА ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ БЛОКАДА

    ТРАМП ДОЗВОЛИ РУСКИ ТАНКЕР ДА ДОНЕСЕ НАФТА НА КУБА ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ БЛОКАДАКуба се соочува со голема енергетска криза поради американската блокада (Фото: ТАСС)

    Доналд Трамп навести дека ќе попушти во блокирањето на испораките на нафта за Куба, велејќи дека нема проблем со тоа која било земја да испрати сурова нафта, додека руски танкер се приближува до островската држава.

    Санкциониран брод, дел од руската флота во сенка, вчера дошол блиску до брегот на источна Куба и се очекува да пристане денеска, што може да донесе мал спас за економијата на земјата, која се соочува со голема енергетска криза поради американската блокада.

    Свесен дека кубанскиот народ има потреба од енергенси, Трамп рече дека не е загрижен за каква било помош за комунистичката влада во Хавана, предвидувајќи дека таа наскоро ќе падне сама.

    „Ако некоја земја сака да испрати нафта на Куба токму сега, немам проблем со тоа, без разлика дали е Русија или не. Куба е готова. Тие имаат лош режим, многу лошо и корумпирано раководство и без разлика дали ќе добијат брод нафта или не, нема да биде важно. На луѓето им треба топлина, ладење и други работи“, рече Трамп.

    САД го прекинаа извозот на венецуелска нафта за Куба откако го соборија венецуелскиот претседател Николас Мадуро на 3 јануари, а Трамп се закани дека ќе воведе казнени царини за секоја друга земја што испраќа сурова нафта на Куба. Мексико, најголемиот снабдувач на Куба заедно со Венецуела, потоа ги запре своите испораки.

    Како резултат на тоа, Куба не добила танкер со нафта три месеци, според претседателот Мигел Дијас-Канел, што ја влоши енергетската криза и доведе до серија прекини во елкетроснабдувањето низ целата земја.

    Бродот што треба да пристигне на Куба испловил од руското пристаниште Приморск и, според различни извори, носи меѓу 650.000 и 730.000 барели сурова нафта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира