ТРАМП Е РАСИСТ И ИЗМАМНИК, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВИОТ БИВШ ЛИЧЕН АДВОКАТ ПРЕД КОНГРЕСОТ

    ТРАМП Е РАСИСТ И ИЗМАМНИК, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВИОТ БИВШ ЛИЧЕН АДВОКАТ ПРЕД КОНГРЕСОТПоранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп вели дека тој нема ниту желба, ниту намера да ја предводи нацијата, туку само да се рекламира себеси. - Мајкл Коен пред Конгресот (Фото: Ројтерс)

    Мајкл Коен, поранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, кажа пред Конгресот дека Трамп е расист и измамник, кој однапред знаел дека Викиликс ќе објави мејлови кои што ќе ѝ наштетат на неговиот ривал во претседателски избори 2016 Хилари Клинтон. Коен, во сведочењето, рече дека Трамп водел преговори за проект со недвижнини во Москва за време на изборната кампања, иако јавно кажа дека нема никакви бизнис интереси во Русија.

    „Се срамам бидејќи знаев како човек е Трамп. Тој е расист. Тој е измамник. Доналд Трамп е човек кој се кандидираше за функција за да ја зголеми вредноста на неговиот бренд, не за да ја направи нашата земја голема. Тој нема ниту желба, ниту намера да ја предводи оваа нација, туку само да се рекламира себеси и да ги зголеми своите богатство и моќ“, кажа Коен пред комитет во Конгресот.

    Трамп твитна дека Коен е лажго, кој се обидува да си ја намали затворската казна. Американскиот претседател, кој е на средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун во Сингапур, не одговараше на новинарските прашања за Коен, кој во мај треба да почне да отслужува тригодишна затворска казна за неколку кривични дела, вклучувајќи неплаќање данок, незаконско финансирање кампања и лажно сведочење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира