ТРАМП ГИ ПОВИКА РОДИТЕЛИТЕ ДА ГИ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦАТА ПРОТИВ МАЛИ СИПАНИЦИ

    ТРАМП ГИ ПОВИКА РОДИТЕЛИТЕ ДА ГИ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦАТА ПРОТИВ МАЛИ СИПАНИЦИДоналд Трамп во минатото ги поврзуваше вакцините со аутизмот. (Фото: Ројтерс)

    Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика родителите да ги вакцинираат децата против мали сипаници откако бројот на случаи со заразени од некогаш искоренетата болест достигна највисоко ниво во овој век. Растечкиот број на епидемии ширум САД предизвика неколку здравствени истраги како да се намали изложеноста на мали сипаници, а во карантин се два универзитети во Калифорнија.

    „Мора да се вакцинираат. Вакцините се многу важни. Мора да се вакцинираат“, им кажа Трамп на новинарите во Белата куќа.

    Повикот за вакцинација е пресврт во ставовите на американскиот претседател, кој во минатото изразуваше сомнеж за безбедноста на вакцините, дури и ги поврзуваше со аутизам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира