ТРАМП ГИ ПРЕКИНА ТРГОВСКИТЕ РАЗГОВОРИ СО КАНАДА ПОРАДИ РЕКЛАМА СО РЕГАН

    ТРАМП ГИ ПРЕКИНА ТРГОВСКИТЕ РАЗГОВОРИ СО КАНАДА ПОРАДИ РЕКЛАМА СО РЕГАНВладата на Трамп воведе царини од 35% за увозот на голем број добра од Канада (Фото: Гети)

    Доналд Трамп објави дека ги прекинал сите трговски разговори со Канада на неодредено време поради реклама во која се критикуваат американските царини. Рекламата спонзорирана од канадската покраина Онтарио го цитира поранешниот американски претседател Роналд Реган дека „царините ги повредуваат сите Американци“.

    Трамп ја опиша рекламата како лажна и многу лоша, додавајќи дека сите трговски разговори се прекинати.

    Во едноминутната ТВ-реклама објавена минатата недела се слуша гласот на Реган, преземен од негов говор од 1987, во кој збори за меѓународна трговија.

    Кога некој вели ‘ајде да воведеме царини за странски увоз‘, изгледа како да прави патриотски чин со тоа што ги штити американските производи и работни места. Понекогаш тоа функционира, но само кратко време. На долг рок, ваквите трговски бариери му штетат на секој Американец. Високите царини неизбежно водат до одмазда од други земји и до жестоки трговски војни. Пазарите се намалуваат и пропаѓаат, бизнисите и индустриите се затвораат, а милиони луѓе ги губат своите работни места“, вели Реган.

    Владата на Трамп воведе царини од 35% за увозот на голем број добра од Канада, како и поединечни давачки за одредени индустрии, од што особено е погоден Онтарио.

    Канадскиот премиер Марк Карни се обиде да постигне договор што ќе ги олесни американските царини, кои гувернерот на Онтарио Даг Форд силно ги критикуваше.

    Трамп рече дека видеото е направено за да влијае врз претстојната одлука на Врховниот суд на САД за тоа дали сеопфатните царини на Вашингтон се легални.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира