ТРАМП ГО ОТПУШТИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЏЕФ СЕШНС

    ТРАМП ГО ОТПУШТИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЏЕФ СЕШНСЏеф Сешнс не го поддржа Трамп во истрагата за наводното руско мешање во изборите во 2016 година (Фото: АП)

    Јавниот обвинител Џеф Сешнс доби отказ од претседателот Доналд Трамп.

    „Му се заблагодаруваме на јавниот обвинител Џеф Сешнс за неговата служба и му посакуваме сѐ најдобро. Неговиот постојан наследник дополнително ќе биде номиниран“, напиша Трамп на Твитер.

    Трамп постојано го критикуваше Сешнс откако тој се прогласи за ненадлежен за истрагата за наводното руско мешање во изборите во 2016 година. Привремена замена за Сешнс ќе биде Метју Витакер, кој, пак, ја критикуваше оваа истрага.

    Сешнс, поранешниот сенатор од Алабама кој во почетокот му даваше голема поддршка на Трамп, кажа дека одлуката за заминувањето не е негова.

    „Господине претседателе, на вашето барање, јас ја поднесувам мојата оставка. Најважно е што во моето време како јавен обвинител го воспоставивме и одржавме владеењето на правото“, изјави Сешнс.

    Откако не застана на страната на Трамп во истрагата за руското мешање, Сешнс од него во неколку наврати беше оквалификуван како „многу слаб“ и „срамотен“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира