ТРАМП ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА СЕОПФАТНИ САНКЦИИ НАСОЧЕН ПРОТИВ РУСИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ПАРТНЕРИ

    ТРАМП ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА СЕОПФАТНИ САНКЦИИ НАСОЧЕН ПРОТИВ РУСИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ПАРТНЕРИЗаконот му овозможува на Трамп да воведе санкции и против Путин (Фото: АП)

    Доналд Трамп го потпиша законот за сеопфатни санкции, насочен кон руската економија преку казнување на главните купувачи на нејзините нафта и гас. Законот, усвоен од двата дома на американскиот Конгрес, му дава на Трамп широки овластувања да воведе царини до 100% за петте најголеми купувачи на руски енергенси, пред сè, Кина и Индија.

    На барање на Трамп, законот ги опфаќа и иранските сектори за енергетика и оружје.

    Законот го носи името на покојниот сенатор Линдзи Грем, еден од најголемите бранители на Украина во Вашингтон. Грем долго време ја притискаше администрацијата на Трамп да преземе повеќе мерки за казнување на Русија поради војната во Украина. Законот се соочи со значителен отпор откако Грем и десетици други сенатори го предложија во април 2025. Дури неколку дена пред ненадејната смрт на Грем на 11 јули оваа година, Трамп им дозволи на републиканските лидери во Конгресот да закажат гласање.

    Законот овозможува санкции и против рускиот претседател Владимир Путин, високи функционери во руската влада, банки и други финансиски институции и руската „флота од сенка“, составена од танкери што се користат за заобиколување на постоечките санкции.

    Податоците од Центарот за истражување на енергија и чист воздух покажуваат дека Кина учествувала со 50% во извозот на руска сурова нафта во периодот од декември 2022 до август 2026, а по неа следува Индија со 37%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира