ТРАМП И НАЈГОЛЕМИТЕ ТЕХНОЛОШКИ КОМПАНИИ ПОТПИШАА БЕЗБЕДНОСЕН ПАКТ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    ТРАМП И НАЈГОЛЕМИТЕ ТЕХНОЛОШКИ КОМПАНИИ ПОТПИШАА БЕЗБЕДНОСЕН ПАКТ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТрамп ги собра директорите на средба во Белата куќа, меѓу кои и Марк Закерберг (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека директорите на најголемите технолошки компании се согласиле да воспостават доброволни стандарди за вештачката интелигенција и ја повтори својата поддршка за брзо проширување на центрите за податоци. Тој ги собра директорите на средба во Белата куќа, вклучувајќи ги Грег Брокман од „ОпенАИ“, Дарио Амодеи од „Антропик“, Марк Закерберг од „Мета“, Сундар Пичаи од „Гугл“ и Џенсен Хуанг од „Енвидија“.

    Компаниите се согласиле да соработуваат со независни ревизори за да проценат дали системите за вештачка интелигенција работат како што планирале нивните дизајнери, според копија од договорот објавена од Трамп на социјалните медиуми. Компаниите, исто така, рекле дека ќе работат на тоа да се осигурат дека нивните алатки за ВИ нема ненамерно да хакираат или да пристапуваат до технички системи.

    „Тоа е речиси како устав, на некој начин. Најважните луѓе во светот го потпишаа тоа, а и јас го потпишав како претседател. И тоа навистина претставува еден вид заштита“, рече Трамп, мислејќи на договорот помеѓу компаниите.

    Администрацијата на Трамп се соочува со засилен надзор поради ризиците што ги носи напредната вештачка интелигенција, откако „ОпенАИ“ и „Aнтропик“ пријавија дека нивните ВИ-агенти излегле од контрола и извршиле упади во системите на други компании.

    Дата центрите, кои ја обезбедуваат компјутерската моќност за обука и извршување на ВИ-моделите, наидоа на отпор во заедниците низ САД поради загриженоста во врска со побарувачката на електрична енергија, трошоците за комунални услуги и другите локални влијанија. Ова незадоволство претставува политички предизвик за Републиканците во пресрет на меѓуизборите на 3 ноември.

    Запрашан дали е загрижен дека неговата поддршка за центрите за податоци би можела да им наштети на републиканците во ноември, Трамп изјави дека технолошките компании ќе работат на тоа заедниците да бидат задоволни од изградбата на овие центри.

    „Овие големи, моќни, многу богати и многу паметни компании ќе даваат огромен придонес за заедниците“, рече Трамп, опкружен со раководителите на компаниите.

    Трамп истовремено потпиша извршна наредба со која им се наложува на владините оддели и агенции во САД да ги користат термините СИ и суперинтелигенција, место вештачка интелигенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира