ТРАМП И ТЕХЕРАН ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ПЛАНОВИ ЗА БЕСЕЊЕ ДЕМОНСТРАНТИ ВО ИРАН

    ТРАМП И ТЕХЕРАН ВЕЛАТ ДЕКА НЕМА ПЛАНОВИ ЗА БЕСЕЊЕ ДЕМОНСТРАНТИ ВО ИРАНОд почетокот на протестите во Иран загинале околу 2.600 луѓе (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека Иран нема планови да егзекутира демонстранти, но и натаму не ја исклучува можноста за американска воена акција против земјата поради насилното задушување на антивладините протести. Тој исто така кажа дека добил информации дека убивањата запреле, откако од почетокот на протестите на 28 декември загинале околу 2.600 луѓе.

    Многу важни извори од другата страна ме известија за развојот на настаните и се надевам дека тоа е вистина“, кажа Трамп.

    Протестите почнаа поради крахот на иранската валута и растечките економски проблеми во земјата, но набргу се проширија во општо незадоволство од верските власти. Иран притоа се закани дека сите кои протестираат ќе се сметаат за „непријатели на Бога“, за што може да се добие смртна казна.

    Трамп претходно се закани со многу силна акција по најавите дека Иран се спрема да го погуби 26-годишниот Ерфан Солтани, кој бил уапсен на врвот на протестите. Активистичката група Хенгав соопшти дека неговото погубување било одложено.

    Нема никакви планови за бесења. Бесењето не доаѓа предвид“, кажа иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, предупредувајќи го Трамп да не ја прави истата грешка од јуни, кога САД бомбардираа ирански нуклеарни постројки.

    Трамп пред неколку дена ги повика Иранците да продолжат да протестираат, но досега одбиваше да му даде поддршка на Реза Пахлави, пребегнатиот син на последниот ирански шах.

    Не знам дали Иран би го прифатил неговото водство. Изгледа многу фин, но не знам како би се однесувал во својата земја“, рече Трамп.

    Во Иран веќе една недела нема интернет, но повторно беше отворен иранскиот воздушен простор откако беше затворен на пет часа поради загриженоста за можна американска воена акција. Италија и Полска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Иран, додека Германија им препорача на авиокомпаниите да не влегуваат во иранскиот воздушен простор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира