ТРАМП ИМ КАЖА НА ГУВЕРНЕРИТЕ ДЕКА СЕ СЛАБАЦИ И ДЕКА МОРА ПОВЕЌЕ ДА АПСАТ ЗА ДА ГИ ЗАПРАТ ПРОТЕСТИТЕ

    ТРАМП ИМ КАЖА НА ГУВЕРНЕРИТЕ ДЕКА СЕ СЛАБАЦИ И ДЕКА МОРА ПОВЕЌЕ ДА АПСАТ ЗА ДА ГИ ЗАПРАТ ПРОТЕСТИТЕИзминатата ноќ имаше протести во повеќе од 75 градови и некаде прерасна во насилни (Фото: АП)

    Доналд Трамп опиша многумина гувернери како слабаци и повика на поцврста акција во запирањето на палежите и грабежите откако САД поминаа низ шеста ноќ насилни протести, кои уследија како реакција на убиството на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој почина минатиот понеделник во Минеаполис додека бил приведуван од полицијата.

    Трамп им се обрати на гувернерите преку видеоконференција и им кажа дека мора да бидат поцврсти.

    Многумина од вас се слабаци. Мора да апсите луѓе“, кажа Трамп.

    Изминатата ноќ имаше протести во повеќе од 75 градови и некаде прераснаа во насилни, исполнети со грабежи и уништување, а беа запалени и десетици полициски возила.

    Трамп им порача на гувернерите да ја распоредат Националната гарда, која помогна да се смири ситуацијата во Минеаполис.

    Мора да апсите луѓе. Мора да ги ставите во затвор на десет години и никогаш нема да видите вакво нешто пак. Тоа го правиме во Вашингтон“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира