ТРАМП ИМ НУДИ ПАРИ И АВИОНСКИ БИЛЕТ НА МИГРАНТИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ САМОДЕПОРТИРААТ ОД САД

    ТРАМП ИМ НУДИ ПАРИ И АВИОНСКИ БИЛЕТ НА МИГРАНТИТЕ КОИ САКААТ ДА СЕ САМОДЕПОРТИРААТ ОД САДТрамп во предизборната кампања ветуваше рекорден број на депортации (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека сака да им даде пари и авионски билет на сите илегални имигранти во САД кои сакаат доброволно да заминат, по што некои од нив можеби ќе можат да се вратат во земјата. Во интервју за „Фокс њуз“, тој ја опиша својата нова програма како самодепортација.

    Ќе им дадеме стипендија на овие мигранти. Ќе добијат нешто пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив и ако бидат добри и ако ги сакаме назад, ќе можат да се вратат најбрзо што може“, изјави американскиот претседател.

    Трамп, кој во предизборната кампања ветуваше рекорден број на депортации, кажа дека неговата влада сега е фокусирана на бркање на „убијците“ од земјата. За останатите кои се илегално во САД, тој ќе спроведе програма на самодепортација. Трамп не понуди детали за својот план, ниту временска рамка. Белата куќа не даде дополнителен коментар.

    Откако се врати на власт, Трамп ги тестираше границите на американските закони за да го зголеми бројот на апсења и депортации. Неговата влада дури ги притискаше мигрантите да помагаат во нивното сопствено исфрлање од земјата, па од нив беше барано да испратат сигнал преку посебна апликација дека сакаат да бидат депортирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира