ТРАМП ИМА БЛАГИ СИМПТОМИ ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС

    ТРАМП ИМА БЛАГИ СИМПТОМИ ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУСДоналд и Меланија Трамп се во карантин во Белата куќа (Фото: Гети)

    Доналд Трамп развил благи симптоми откако денеска имаше позитивен тест за коронавирус, заедно со сопругата Меланија Трамп.

    Трамп, кој од почетокот на пандемијата ја омаловажува заканата од вирусот и долго време одбиваше да носи маска, се наоѓа во карантин во Белата куќа. Неговиот лекар Шон Конли изјави дека очекува Трамп да продолжи да ги извршува своите задолженија додека заздравува.

    „Претседателот Трамп има благи симптоми на ковид-19, но е полн со енергија и работеше од својата резиденција“, изјави шефот на кабинетот Марк Медоус.

    Трамп се тестирал откако се дозна дека една од неговите најблиски соработнички Хоуп Хикс е заразена. Тестовите на потпретседателот Мајк Пенс и на државниот секретар Мајк Помпео биле негативни, исто како и на Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кашнер. Џо Бајден, кој оваа недела ја имаше првата дебата со Трамп, најави дека ќе се тестира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира