Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп именуваше уште тврдокорни конзервативци на клучни позиции со номинирањето на сенаторот од Алабама Џеф Сешнс за јавен обвинител. Сешнс, поранешен јавен обвинител, беше одбиен за федерален судија во 1986 година поради наводни расистички забелешки.
Конгресменот Мајк Помпео е номиниран за директор на ЦИА и пензионираниот генерал Мајкл Флин ќе биде советник за национална безбедност. Најновите назначувања на Трамп беа пофалени на Твитер од Дејвид Дјук, поранешниот лидер на групата ККК.
Во соопштение, Трамп го нарече Сешнс „првокласен правнички ум“.
„На Џеф му се воодушевуваат правните експерти и речиси сите што го познаваат“, додаде Трамп.
Сешнс (69) и Флин (70) беа блиски сојузници на Трамп уште од првите денови на неговата кампања и делат многу од неговите ставови.