ТРАМП ЈА ОТПУШТИ ШЕФИЦАТА НА БИРОТО ЗА СТАТИСТИКА НА ТРУД ПО ИЗВЕШТАЈОТ ДЕКА ИМА ПОМАЛКУ ВРАБОТУВАЊА ОД ОЧЕКУВАНОТО

    ТРАМП ЈА ОТПУШТИ ШЕФИЦАТА НА БИРОТО ЗА СТАТИСТИКА НА ТРУД ПО ИЗВЕШТАЈОТ ДЕКА ИМА ПОМАЛКУ ВРАБОТУВАЊА ОД ОЧЕКУВАНОТОБирото објави месечни податоци за работните места кои покажуваат изненадувачки слабо вработување во јули.(Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти шефицата на една од најважните економски институции во Америка откако послабите од очекуваните податоци за работните места предизвикаа дополнителна тревога за неговата царинска политика.

    Трамп рече дека податоците се наместени за републиканците и САД  да изгледаат лошо и му наложил на својот тим да ја отпушти Ерика Мекентарфер, комесарката на Бирото за статистика на трудот, која беше поставена на оваа  функција во 2023 година.

    Оваа одлука на Трамп дојде откако Бирото објави месечни податоци за работните места кои покажуваат изненадувачки слабо вработување во јули. Економистите го протолкуваа извештајот како доказ дека политиките на Трамп почнуваат да земаат данок врз економијата, иако претседателот инсистира дека земјата се справува одлично.

    Бројки покажуваат дека работодавците во САД отвориле само 73.000 нови работни места во јули, далеку под прогнозите за 109.000 нови работни места. Вработеноста во мај и јуни, според известајот е за 250.000 работни места помалку отколку што се очекуваше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира