ТРАМП ЈА ПОВИКА АВСТРАЛИЈА ДА ИМ ДАДЕ АЗИЛ НА ИРАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРКИ КОИ ОДБИЈА ДА ЈА ПЕАТ ХИМНАТА, ПЕТ СЕ ЗАСОЛНЕТИ ВО БЕЗБЕДНА КУЌА

    ТРАМП ЈА ПОВИКА АВСТРАЛИЈА ДА ИМ ДАДЕ АЗИЛ НА ИРАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРКИ КОИ ОДБИЈА ДА ЈА ПЕАТ ХИМНАТА, ПЕТ СЕ ЗАСОЛНЕТИ ВО БЕЗБЕДНА КУЌАФудбалерките ја пееја химната и салутираа пред почетокот на другите два меча (Фото: АФП)

    Доналд Трамп ѝ порача на Австралија дека чини ужасна грешка што им дозволува на иранските фудбалски репрезентативки да се вратат дома откако се појавија грижи за нивната безбедност по одбивањето да ја пеат химната на нивниот прв меч од Азиското првенство. Американскиот претседател го повика премиерот Ентони Албаниз да им даде азил.

    Првиот меч на Иранките на првенството во Австралија се совпадна со почетокот на американско-израелските напади врз Иран, при што тие ја бојкотираа химната пред стартот на дуелот со Јужна Кореја. Коментаторот на иранското државно радио го опиша ова како врв на нечесноста и предавство и повика да бидат остро казнети. Тие го завршија настапот откако изгубија од Филипини со 2:0.

    Австралија прави ужасна хуманитарна грешка дозволувајќи женската фудбалска репрезентација на Иран да се врати во Иран, каде што најверојатно ќе бидат убиени. САД ќе ги примат ако вие не сакате“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Извори потврдија за Би-Би-Си дека пет членки на тимот побарале засолниште во безбедна куќа и сега се под заштита на австралиската сојузна полиција. Глобалниот синдикат на играчи ФИФПРО претходно соопшти дека има сериозна загриженост за безбедноста на тимот додека се подготвува да се врати дома.

    Фудбалерките ја пееја химната и салутираа пред почетокот на следните два меча, поради што се појавија сомнежи дека добиле закани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира