ТРАМП ЈА ПОВЛЕКУВА ВОЈСКАТА ОД СИРИЈА И ОБЈАВИ ПОРАЗ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

    ТРАМП ЈА ПОВЛЕКУВА ВОЈСКАТА ОД СИРИЈА И ОБЈАВИ ПОРАЗ НА ИСЛАМСКА ДРЖАВАСе верува дека американската војска беше присутна во регионот со 2.000 припадници (Фото: АФП)

    Белата куќа потврди дека американската војска се повлекува од Сирија, откако Доналд Трамп објави пораз на Исламска држава. Портпаролката Сара Саундерс изјави дека војската веќе почнала да се враќа дома.

    Околу 2.000 припадници на американската војска помогнаа да се ослободи североистокот на Сирија од Исламска држава. Се верува дека Министерството за одбрана барало САД да останат присутни во регионот поради можноста Исламска држава да се обнови, но и од страв дека ќе се прошири влијанието на Русија и Иран.

    „Процесот на враќање на американските трупи од Сирија е започнат, додека преминуваме на следната фаза од нашата кампања“, кажа Саундерс, не прецизирајќи на што се однесува тоа.

    И додека Трамп ја поздрави одлуката, републиканскиот сенатор Линдзи Грем заклучи дека ова е голема грешка во стилот на Барак Обама.

    „Ја поразивме Исламска држава во Сирија, тоа беше мојата единствена причина да се биде таму додека сум претседател“, напиша Трамп на Твитер.

    САД се повлекуваат во периодот кога Турција најави нова акција против курдската милиција во северна Сирија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира