ТРАМП КАЖА ДЕКА БИ САКАЛ ДА СЕ СРЕТНЕ СО КИМ ЏОНГ-УН ОВАА ГОДИНА

    ТРАМП КАЖА ДЕКА БИ САКАЛ ДА СЕ СРЕТНЕ СО КИМ ЏОНГ-УН ОВАА ГОДИНАЈужнокорејскиот претседател Ли му предложи на Трамп да изгради своја кула во Северна Кореја (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека уште оваа година би сакал да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во обид да ја обнови својата нуклеарна дипломатија, што ја започна во својот прв мандат.

    Би сакал да се сретнеме во блиска иднина“, кажа Трамп на средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг во Белата куќа.

    Присетувајќи се на моментот кога влезе во Северна Кореја од демилитаризираната зона со Јужна Кореја во 2019, Трамп кажа дека сите мислеле дека е луд, но тој се чувствувал безбедно.

    Се чувствував безбедно, но јас имам одлични односи со Ким Џонг-ун. Се надевам дека така ќе остане. Поминав многу слободно време со него, разговарајќи за работи за кои можеби не требаше да разговараме. Добро се сложувам со него и мислам дека неговата земја има навистина огромен потенцијал“, рече Трамп.

    Јужнокорејскиот претседател Ли го охрабри Трамп да продолжи да помага во воспоставување мир на корејскиот полуостров и дури му предложи да изгради кула „Трамп“ во Северна Кореја.

    Се радувам на ваша средба со претседателот Ким Џонг-ун и на изградба на кула ‘Трамп‘ и играње голф во Северна Кореја“, изјави Ли.

    Трамп се сретна со Ким трипати во својот прв мандат и кажа дека го познава подобро од сите, „дури и од неговата сестра“.

    На прашањето дали би размислил за намалување на бројот на американски војници во Јужна Кореја, Трамп го избегна одговорот, но рече дека би сакал да го укине договорот за закуп за голема воена база во Јужна Кореја. Таму се стационирани 28.000 американски војници.

    Би сакал САД да се сопственици на земјиштето на кое се наоѓа базата“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира