ТРАМП КАЖА ДЕКА Е РАЗОЧАРАН ОД ПУТИН ШТО НЕ МУ ГО ИСПОЧИТУВАЛ УЛТИМАТУМОТ, НО ЌЕ ПОЧЕКА СО САНКЦИИ

    ТРАМП КАЖА ДЕКА Е РАЗОЧАРАН ОД ПУТИН ШТО НЕ МУ ГО ИСПОЧИТУВАЛ УЛТИМАТУМОТ, НО ЌЕ ПОЧЕКА СО САНКЦИИТрамп кажа дека ќе се сретне со Путин без разлика дали тој ќе сака да се сретне со Зеленски (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека е разочаран од Владимир Путин што не го испочитувал неговиот ултиматум да ја заврши војната во Украина до денеска, но ќе почека со евентуално изрекување санкции и секундарни царини.

    „Тоа зависи од него, ќе видиме што има да каже. Но, секако сум многу разочаран од Путин“, кажа Трамп.

    Вашингтон и Москва вчера потврдија дека Трамп и Путин ќе се сретнат во наредните денови за да разговараат за Украина. Датумот и локацијата на средбата засега не се официјално објавени, но се спомнуваат Обединетите Арапски Емирати. Трамп кажа дека ќе се сретне со Путин без разлика дали рускиот претседател ќе сака да се сретне со Володимир Зеленски.

    „Путин не мора да се сретне со Зеленски пред да се сретне со мене. Тие сакаат да се сретнат со мене и јас ќе сторам сѐ што треба за да го запрам убивањето“, рече Трамп.

    Путин претходно рече дека не е подготвен да се сретне со Зеленски.

    „Немам ништо против тоа, можно е, но за ова мора да се создадат одредени услови. За жал, сè уште сме далеку од создавање такви услови“, кажа тој.

    Десетдневниот ултиматум на Трамп за Путин истече денеска. Тој минатата недела се закани дека ќе воведе нови санкции за Русија ако не ја заврши војната во Украина до 8 август, како и дополнителни царини за земјите кои купуваат руска нафта, што ги вклучува и Кина и Индија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира