ТРАМП КАЖА ДЕКА ФРАНЦИЈА Е БЕСКОРИСНА ОТКАКО ТАА НЕ ДОЗВОЛИ ПРЕЛЕТИ НА АВИОНИ ШТО ОДАТ КОН ИЗРАЕЛ

    ТРАМП КАЖА ДЕКА ФРАНЦИЈА Е БЕСКОРИСНА ОТКАКО ТАА НЕ ДОЗВОЛИ ПРЕЛЕТИ НА АВИОНИ ШТО ОДАТ КОН ИЗРАЕЛИталија забранила американски бомбардери да слетаат во воздухопловната база „Сигонела“ на Сицилија (Фото: Кориере дела сера)

    Емануел Макрон кажа дека е изненаден од коментарите на Доналд Трамп откако Париз не дозволи авиони што летаат кон Израел да минуваат низ францускиот воздушен простор. Тој додаде дека тоа е во согласност со францускиот став кон војната против Иран од нејзиниот почеток.

    Изненадени сме од неговата објава. Франција не ја промени својата позиција од првиот ден на војната и ја потврдуваме таа одлука“, рече Макрон.

    Тој реагираше откако Трамп кажа дека Франција била многу бескорисна и дека САД ќе го запомнат тоа.

    Француската војска на 5 март објави дека Франција нема да дозволи американските авиони да ги користат француските бази ако учествуваат во напади врз Иран, освен на „привремена основа“, доколку тие ја поддржуваат одбраната на француските сојузници во регионот.

    Во исто време, Израел кажа дека ќе ги запре сите набавки на одбранбена опрема од Франција, обвинувајќи ја за непријателски став. Генералниот директор на израелското министерство за одбрана, генерал-мајорот Амир Барам, кажа дека оваа одлука е дел од пошироките напори за намалување на соработката со земјите кои преземаат чекори против Израел.

    Откако Шпанија вчера го затвори својот воздушен простор за американските авиони вклучени во војната против Иран, Италија забранила американски бомбардери да слетаат во воздухопловната база „Сигонела“ на Сицилија, пред да продолжат кон Блиски Исток. Владин претставник го потврди пишувањето на „Кориере дела сера“ дека тие не добиле одобрување за слетување зашто не биле логистички или технички летови и претходно не ја известиле италијанската војска за својот план на летање.

    Од кабинетот на премиерката Џорџа Мелони не го негираа случајот, но нагласија дека тоа не значи конфликт со Вашингтон.

    Доналд Трамп се судира со европските сојузници од НАТО од самиот почеток на војната и ги критикува што не им помагаат на САД, особено околу обезбедувањето на Ормускиот Теснец. Тој денеска им порача сами да дојдат во Теснецот и да си ја земат својата нафта.

    Земји како Велика Британија, кои не можат да добијат гориво за авиони поради ограничувањата во Ормускиот Теснец, треба да соберат малку храброст, да одат во Теснецот и едноставно да го земат. Земјите ќе мора да почнат да учат како да се борат сами за себе, САД повеќе нема да бидат таму за да ви помогнат, исто како што вие не бевте тука за нас. Тешкиот дел е завршен. Одете, земете си ја својата нафта“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира