ТРАМП ЌЕ ИСПРАТИ УШТЕ 5.000 АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ВО ПОЛСКА ПО ОДЛУКАТА НА ПЕНТАГОН ДА НЕ ИСПРАТИ 4.000 ВОЈНИЦИ

    ТРАМП ЌЕ ИСПРАТИ УШТЕ 5.000 АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ВО ПОЛСКА ПО ОДЛУКАТА НА ПЕНТАГОН ДА НЕ ИСПРАТИ 4.000 ВОЈНИЦИТрамп кажа дека неговата одлука е заснована врз добрите односи со полскиот претседател Навроцки (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп објави дека ќе испрати уште 5.000 американски војници во Полска, една недела откако Пентагон го откажа планираното распоредување на 4.000 војници во земјата. Трамп кажа дека неговата одлука е заснована врз добрите односи со полскиот претседател Карол Навроцки.

    Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Во изминатите недели, Белата куќа навестуваше дека планира да го намали бројот на своите трупи во Европа, согласно политиката „Америка на прво место“. САД притоа соопштија дека ќе повлечат 5.000 војници од Германија, по спорот на Трамп со канцеларот Фридрих Мерц околу војната во Иран.

    Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО ќе се состанат денеска во Шведска, а ќе присуствува и американскиот државен секретар Марко Рубио. Пред заминувањето од Вашингтон, Рубио рече дека Трамп е многу разочаран од членките на алијансата кои не ѝ дозволиле на американската војска да користат нивни бази за војната со Иран.

    Имате земји како Шпанија кои не им дозволуваат на САД да ги користат овие бази. Па, тогаш зошто сте во НАТО? Да бидеме фер, другите земји од НАТО беа многу корисни. Но, треба да разговараме за тоа“, кажа Рубио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира