ТРАМП ЌЕ ПОТПИШЕ ИЗВРШНА НАРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ОТКАКО СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ

    ТРАМП ЌЕ ПОТПИШЕ ИЗВРШНА НАРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ОТКАКО СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИЕкспертите велат дека Трамп повторно се заканува со моќ што ја нема (Фото: АП)

    Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба насочена кон компаниите за социјални медиуми, соопшти Белата куќа. Ова следува ден откако тој на Твитер се закани дека ќе ги затвори социјалните мрежи, обвинувајќи ги дека ги замолчуваат конзервативците.

    Тој вчера за првпат беше опоменат од Твитер за објавување лажни вести, откако еден негов твит беше означен со предупредување за проверка на факти.

    Деталите за извршната наредба не се објавени, при што од Белата куќа само кажаа дека ќе биде потпишана денеска.

    Трамп вчера ги обвини Твитер и останатите социјални мрежи за пристрасност, без да изнесе докази за тоа.

    „Големите технолошки компании прават сѐ што е во нивна моќ за да цензурираат во пресрет на изборите. Ако се случи тоа, ние веќе ќе немаме слобода. Јас никогаш нема да го дозволам тоа. Се обидоа во 2016 и изгубија. Сега целосно полудеа“, напиша Трамп на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира