ТРАМП И КИМ ЏОНГ-УН ЕДВАЈ ЧЕКААТ ДА СЕ СРЕТНАТ

    ТРАМП И КИМ ЏОНГ-УН ЕДВАЈ ЧЕКААТ ДА СЕ СРЕТНАТКим Џонг-Ун во Пекинг рекол дека целосно посветен на денуклеаризацијата на Северна Кореја (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека едвај чека да се сретне со Ким Џонг-Ун, откако бил известен дека неговата неочекувана посета на Кина „поминала многу добро“.

    Тој, сепак, додаде дека санкциите кон Северна Кореја остануваат на сила сѐ до предвидената средба во мај. Трамп верува дека денуклеаризацијата на корејскиот полуостров е можна по последниот развој на настаните.

    Неговите коментари уследија по средбата на Ким со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Пекинг, што е негово прво патување надвор од земјата откако дојде на власт во 2011 година.

    Ким и неговата сопруга биле пречекани со највисоки почести, при што тој рекол дека е целосно посветен на денуклеаризацијата на Северна Кореја.

    Трамп ги поздрави вестите за напредокот кои пристигнаа од Пекинг.

    „Сега постои добра шанса дека Ким Џонг-Ун ќе го направи она што е добро за неговиот народ и за човештвото. Мислам дека и Ким едвај чека да се сретнеме“, напиша Трамп на Твитер.

    Доколку дојде до ова, Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој се сретнал со севернокорејски лидер. Средбата треба да се одржи во мај, на сѐ уште неодредена локација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира