ТРАМП МУ КАЖАЛ НА ПЕНТАГОН ДЕКА САКА ВОЕНА ПАРАДА ВО ВАШИНГТОН

    ТРАМП МУ КАЖАЛ НА ПЕНТАГОН ДЕКА САКА ВОЕНА ПАРАДА ВО ВАШИНГТОНСе импресионирал од парадата што ја видел за Денот на Бастилја во Париз лани. - Доналд Трамп (Фото: Гети)

    Доналд Трамп побарал од Пентагон да организира голема воена парада во Вашингтон.

    Тој го испратил барањето на крајот на јануари, импресиониран од парадата што ја видел во Франција лани, за празникот Денот на Бастилја.

    „Тоа беше најголемата парада што сум ја видел. Мораме да се обидеме да го надминеме тоа“, рекол Трамп.

    Планот бил откриен од весникот „Вашингтон пост“ и подоцна потврден од портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

    „Претседателот Трамп постојано им дава неверојатна поддршка на американските војници, кои секој ден ги ризикуваат своите животи за да биде нашата земја безбедна. Тој побара од Министерството за одбрана да подготви свеченост, на којашто сите Американци ќе можат да ја изразат својата благодарност“, изјави Сандерс.

    Воени паради во Вашингтон се вообичаени само кога се означува крај на некоја војна.

    „Ова е сѐ уште во фаза на размислување“, кажа едно официјално лице од Белата куќа.

    Демократските политичари, но и некои пензионирани генерали, ја нападнаа идејата, поврзувајќи ја, пред сѐ, со автократски режими.

    „Какво апсурдно трошење пари“, напиша пратеникот Џим Мекговерн на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира