ТРАМП МУ ВРАТИЛ НА НЕГОВИОТ АДВОКАТ 130.000 ДОЛАРИ СО КОИ БИЛ КУПЕН МОЛКОТ НА ПОРНО АКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС

    ТРАМП МУ ВРАТИЛ НА НЕГОВИОТ АДВОКАТ 130.000 ДОЛАРИ СО КОИ БИЛ КУПЕН МОЛКОТ НА ПОРНО АКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛСТрамп досега тврдеше дека не знаел за исплатата кон Сторми Даниелс во пресрет на изборите во 2016 година (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп лично му дал на својот адвокат 130.000 долари, со кои претходно било купено молчењето на порноактерката Сторми Даниелс дека имале секс, изјави неговиот правен советник Руди Џулијани.

    Ова е спротивно на досегашните изјави на Трамп дека тој не знаел за исплатата што ја направил адвокатот Мајкл Коен во пресрет на изборите во 2016 година.

    Џулијани вели дека притоа не биле користени пари од кампањата, што се појави како главен проблем во случајот.

    „Парите биле исплатени преку правна фирма и претседателот потоа ги врати. Ова беше направено по неколку месеци“, изјави поранешниот градоначалник на Њујорк, кој од неодамна му се приклучи на правниот тим на Трамп.

    Според него, трансакцијата била легална, затоа што не биле употребени пари од кампањата.

    „Тој не знаел за детали од исплатата, колку што знам јас, но генерално, бил запознат кога Мајкл требало да средува вакви работи“, додаде Џулијани во разговорот за „Фокс њуз“.

    Адвокатот на Даниелс, Мајкл Авенати, вели дека Американците би требало да бидат бесни од вакви коментари.

    „Пред неколку месеци предвидовме дека ќе биде докажано дека Американците биле лажени за исплатата од 130.000 долари и што знаел Трамп за тоа“, напиша тој на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира