ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА УТРЕ ЌЕ РАЗГОВАРА СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА ДА СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА УТРЕ ЌЕ РАЗГОВАРА СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА ДА СТАВИ КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНАПортпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руска државна новинска агенција потврди дека се во тек подготовки за разговор меѓу Трамп и рускиот претседател. (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во обид да се запре „крвопролевањето“ во Украина.

    Трамп, во објава на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ во саботата, напиша дека ќе разговара со Путин во понеделник наутро.

    „ТЕМИТЕ НА РАЗГОВОРОТ ЌЕ БИДАТ, ЗАПИРАЊЕ НА ‘КРВОПРОЛЕВАЊЕТО’ ШТО УБИВА, ВО ПРОСЕК, ПОВЕЌЕ ОД 5.000 РУСКИ И УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ НЕДЕЛНО, И ТРГОВИЈАТА“, напиша Трамп со големи букви.

    Трамп постојано наведува бројка на жртви во конфликтот која е значително повисока од официјалните податоци или проценките базирани на истраги од отворени извори, без да даде објаснување за тоа.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руска државна новинска агенција потврди дека се во тек подготовки за разговор меѓу Трамп и рускиот претседател.

    Според најавите, по разговорот со рускиот претседател, Трамп планира одделни разговори со украинскиот лидер Зеленски, како и со лидерите на НАТО, како дел од неговите напори да се стави крај на војната која започна со целосната руска инвазија во 2022 година.

    „СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПРОДУКТИВЕН ДЕН, ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ ПРЕКИН НА ОГНОТ И ОВАА МНОГУ НАСИЛНА ВОЈНА, ВОЈНА ШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ, ЌЕ ЗАВРШИ“, напиша Трамп.

    Овие најави следуваат откако Русија и Украина неодамна ги завршија главно неуспешните разговори во Истанбул, кои беа први од таков вид од почетокот на војната. Украина соопшти дека е подготвена за прекин на огнот, но се соочила со „неприфатливи“ барања од Русија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира