ТРАМП НАЈАВИ ЦАРИНИ ОД 25% ЗА ДРЖАВИТЕ КОИ ТРГУВААТ СО ИРАН И РАЗГЛЕДУВА ДРУГИ ОПЦИИ ПРОТИВ ЗЕМЈАТА

    ТРАМП НАЈАВИ ЦАРИНИ ОД 25% ЗА ДРЖАВИТЕ КОИ ТРГУВААТ СО ИРАН И РАЗГЛЕДУВА ДРУГИ ОПЦИИ ПРОТИВ ЗЕМЈАТААктивистичките групи велат дека досега загинале најмалку 648 демонстранти (Фото: АП)

    Доналд Трамп бил информиран за широк спектар на тајни и воени алатки што би можеле да се употребат против Иран поради крвавото задушување на антивладините протести, изјавија двајца претставници на Министерството за одбрана за Си-Би-Ес њуз. Во опција се напади со проектили со долг дострел, но и кибернетички операции и психолошка кампања.

    Трамп засега најави царини од 25% за сите држави кои одржуваат комерцијални врски со Иран, откако групите за човекови права кажаа дека над 600 демонстранти биле убиени во протестите кои почнаа на 28 декември. Белата куќа не сподели повеќе информации за оваа одлука, но познато е дека Кина, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Турција и Индија се најголемите трговски партнери на Иран.

    Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека е отворено за разговори со САД, но и дека земјата е спремна за војна.

    Тимот за националната безбедност на Трамп денеска ќе се сретне во Белата куќа за да разговара за опции за Иран. Трамп претходно кажа дека американската војска разгледува многу силни воени опции, тврдејќи дека иранските лидери му се јавиле, барајќи да разговараат.

    Јавниот став на Техеран е сосема различен од пораките што администрацијата ги добива приватно. Американскиот претседател не се плаши да употреби воени опции ако и кога ќе смета дека е потребно“, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит,

    Протестите беа поттикнати од крахот на иранската валута и растечките економски проблеми, но брзо се проширија во општо незадоволство од иранските власти, на чело со ајатолахот Али Хаменеи. Тој ги обвини САД за измама и поддршка на „предавнички платеници“.

    „Иранската нација е моќна и ги познава своите непријатели“, рече тој, пофалувајќи ги провладините маршеви што се одржаа вчера низ земјата.

    Реза Пахлави, пребегнатиот син на последниот ирански шах, го повика Трамп да интервенира што побрзо за да се спречи натамошно убивање демонстранти. Активистичките групи велат дека досега загинале најмалку 648 демонстранти, вклучувајќи девет под 18 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира