ТРАМП НИКОГАШ НЕМА ДА НÈ СКРШИ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ МАРК КАРНИ ПО ПОБЕДАТА НА ЛИБЕРАЛИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО КАНАДА

    ТРАМП НИКОГАШ НЕМА ДА НÈ СКРШИ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ МАРК КАРНИ ПО ПОБЕДАТА НА ЛИБЕРАЛИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО КАНАДАКарни ќе води малцинска влада откако Либералите не успеаја да освојат 172 места во парламентот (Фото: АП)

    Либералите на премиерот Марк Карни победија на изборите во Канада, но не успеаја да го освојат мнозинството што требаше да им помогне во трговските преговори со Доналд Трамп. Конзервативниот лидер Пјер Полиев го призна поразот, иако на почетокот на годината важеше за фаворит да биде иден премиер.

    На Либералите им требаа 172 места во парламентот за да имаат мнозинство што ќе им овозможеше да владеат без поддршка од помала партија.

    Сѐ укажуваше на тоа дека Либералите се спремаат за опозиција откако премиерот Џастин Трудо поднесе оставка во јануари, а анкетите им даваа голема предност на Конзервативците, но Доналд Трамп им даде голем поттик со своите царини и со кампањата за претворање на Канада во 51. американска сојузна држава. Тој дури им се обрати на Канаѓаните на денот на изборите за да ги мотивира да гласаат за опција што ќе го оствари тоа.

    Карни вети поцврст пристап кон Вашингтон околу царините и кажа дека Канада ќе мора да потроши милијарди долари за да го намали своето потпирање врз САД. Сепак, историјата покажува дека малцинските влади во Канада не траат повеќе од две и пол години.

    Со месеци предупредував дека Америка ги сака нашите ресурси и нашата земја, дури и нашата држава. Трамп сакаше да нѐ скрши за да може да нѐ поседува, но тоа никогаш нема да се случи. Нашиот стар однос на интеграција со САД е завршен и тоа е трагедија. Го надминавме шокот од предавството на САД и сега мора да се грижиме едни за други. Мојата влада ќе работи за и со секого“, изјави Карни во својот победнички говор.

    Тој најави дека ќе разговара со Трамп во следните денови.

    Ова е Канада и ние решаваме што се случува овдека. Канада е повеќе од нација, ние отсекогаш сме биле и ќе бидеме федерација. Предизвиците со кои ќе се соочи Канада ќе бидат тешки, но имам доверба во сите во земјата“, додаде Карни.

    Според досегашните проекции, Либералите треба да имаат 161 пратеник, а Конзервативците 150.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира