ТРАМП ОБЈАВИ ВИДЕО ВО КОЕ БАРАК И МИШЕЛ ОБАМА СЕ ПРИКАЖАНИ КАКО МАЈМУНИ

    ТРАМП ОБЈАВИ ВИДЕО ВО КОЕ БАРАК И МИШЕЛ ОБАМА СЕ ПРИКАЖАНИ КАКО МАЈМУНИБелата куќа го бранеше клипот, велејќи дека е „интернет меме“ (Фото: Трут соушл)

    Доналд Трамп објави расистичко видео на својата социјална мрежа Трут соушл во кое Барак и Мишел Обама се прикажани како мајмуни. Тие се дел од видео долго 62 секунди кое содржи тврдења за измама на претседателските избори во 2020.

    Републиканскиот сенатор Тим Скот, кој е црнец, го повика Трамп да го тргне видеото, кое го опиша како „најрасистичка работа која излегла од Белата куќа“.

    Белата куќа го бранеше видеото, велејќи дека е „интернет меме“ и ги повика критичарите да престанат со лажниот гнев. Клипот се чини бил преземен од објава на Икс, што ја сподели конзервативниот креатор на содржини Ксеријас во октомври.

    Уште неколку познати демократи се прикажани како животни во видеото, како конгресменката Александра Окасио-Кортес, градоначалникот на Њујорк, Зохрам Мамдани и бившата државна секретарка Хилари Клинтон. Џо Бајден се појавува како мајмун кој јаде банана.

    Трамп само го сподели видеото, без да го коментира.

    Одвратно однесување од претседателот. Секој републиканец би требало да го осуди веднаш“, кажа гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира