ТРАМП ОЧЕКУВА ДА СКЛУЧИ СЕОПФАТЕН ДОГОВОР СО КИНА НА АЗИСКАТА ТУРНЕЈА И ГО ПОВИКА КИМ ЏОНГ УН ДА СЕ СРЕТНАТ

    ТРАМП ОЧЕКУВА ДА СКЛУЧИ СЕОПФАТЕН ДОГОВОР СО КИНА НА АЗИСКАТА ТУРНЕЈА И ГО ПОВИКА КИМ ЏОНГ УН ДА СЕ СРЕТНАТТрамп ќе се сретне со Шји Џинпинг во Јужна Кореја (Фото: АП)

    САД и Кина договорија рамка на можен трговски договор, за што Доналд Трамп и Шји Џинпинг ќе разговараат оваа недела, изјави американскиот министер за трговија Скот Бесент. Трамп денеска пристигна во Јапонија во рамките на својата азиска турнеја, на која ќе се сретне со Шји в четврток во Јужна Кореја во обид да ја дескалираат трговската војна.

    Мислам дека имаме навистина добра шанса да склучиме еден сеопфатен договор“, кажа Трамп.

    Деталите од договорот засега не се познати, но Бесент кажа дека американските и кинески преговарачи разговарале за царини, ретки метали, фентанил и земјоделски производи, првенствено соја. Трамп и Шји исто така би можеле да постигнат конечен договор за американските операции на ТикТок.

    Не верувам дека американските царини од 100% за Кина ќе стапат во сила“, рече Бесент.

    Овој месец, Трамп изјави дека во ноември ќе воведе дополнителна царина од 100% за кинеските стоки како одговор на заострените ограничувања на Кина за извоз на ретки метали. Тој го обвини Пекинг дека станува многу непријателски настроен и дека се обидува да го држи светот заробен.

    Кина преработува околу 90% од ретките метали во светот, кои се користат во сè, од соларни панели до паметни телефони, што ги прави клучен адут во преговарањето со САД.

    Трамп денеска првпат ќе се сретне со новата јапонска премиерка Санае Такаичи, за која кажа дека слушнал феноменални работи и порача дека е отворен за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун додека е на турнејата.

    Ако сака да се видиме, ќе бидам во Јужна Кореја. Дури сум подготвен да ја продолжам мојата турнеја ако има шанси да разговарам со Ким. Тоа е лесно да се направи“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира