ТРАМП ОДОБРИЛ ПЛАНОВИ ЗА НАПАДИ ВРЗ ИРАН, НО ЗАСЕГА НЕ ДОНЕСОЛ КОНЕЧНА ОДЛУКА

    ТРАМП ОДОБРИЛ ПЛАНОВИ ЗА НАПАДИ ВРЗ ИРАН, НО ЗАСЕГА НЕ ДОНЕСОЛ КОНЕЧНА ОДЛУКАТрамп вчера кажа дека можеби ќе го направи тоа, можеби не (Фото: Гети)

    Доналд Трамп одобрил планови за напади врз Иран, но засега не донесол конечна одлука дали да го направи тоа, објавија американските медиуми. Тој се воздржувал од нападите, надевајќи се дека Иран ќе се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма, изјави извор од американското разузнавање за Си-Би-Ес.

    Главна мета на САД би била подземната и силно чувана нуклеарна постројка Фордо, бидејќи Израел немал капацитети да ја бомбардира.

    Иранскиот ајатолах Али Хаменеи вчера го одби повикот на Трамп за безусловно предавање и предупреди дека секоја американска воена интервенција ќе биде скапо платена.

    Со среќа“, му одговори Трамп, но не даде јасен одговор дали САД ќе се приклучат кон израелските воздушни напади.

    Можеби ќе го направам тоа, можеби не. Никој не знае што сакам да направам. Но, можам да кажам дека Иран е во неволја и сака да преговара“.

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави во Сенатот дека Пентагон е подготвен да изврши секоја наредба дадена од Трамп.

    За тоа време, американските сили го зголемуваат своето присуство на Блиски Исток. Ударна група предводена од носачот на авиони „Нимиц“ тргнала од Југоисточна Азија за да се придружи на групата предводена од носачот на авиони „Карл Вилсон“, која веќе е во заливот. Од Европа кон регионот се придвижувале и други воени летала, како борбени авиони „Ф-22“ и „Ф-35“.

    САД засега не побарале дозвола од Велика Британија за користење на нејзините бази за изведување напади врз Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира