Доналд Трамп положи заклетва на церемонија во ротондата во американскиот Конгрес и официјално стана 47. претседател на САД. Тој вети дека ќе го чува, штити и брани уставот на САД.
Ова е првпат од 1880-тите во Белата куќа да се врати претседател кој бил поразен на претходните избори.
Покрај него, заклетва положи и потпретседателот Џеј Ди Венс.
Спротивно на традицијата, на инаугурацијата присуствуваат и странски лидери, како и најпознатите американски технолошки милијардери.