ТРАМП ПРИФАЌА СРЕДБА СО ПУТИН И ШЈИ, НО НЕ ЗА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА УКРАИНА

    ТРАМП ПРИФАЌА СРЕДБА СО ПУТИН И ШЈИ, НО НЕ ЗА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА УКРАИНАТрамп кажа дека таков самит треба да се фокусира на денуклеаризација (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека е отворен за трилатерален самит со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Шји Џинпинг, но нагласи дека таков состанок не треба да се фокусира на војната во Украина. Трамп им кажа на новинарите во Белата куќа дека би учествувал на таков самит ако целта е да се разговара за денуклеаризација.

    Тој коментираше по извештаите дека Путин предложил тројцата лидери да се сретнат на маргините на самитот на АПЕК во Кина следниот месец за да разговараат за тоа како да се стави крај на војната во Украина.

    „Јас би го направил тоа, не толку за Украина. Би сакал да разговараме за нуклеарно оружје, денуклеаризација. Би можеле да разговараме и за други теми, како трговија, но состанокот треба да биде заснован на денуклеаризација. Ако претседателот Шји го сака тоа, и јас би сакал“, изјави Трамп.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, потврди за „Вол стрит џурнал“ дека се водат разговори за ваков состанок, но засега немало јасно разбирање за агендата.

    Според „Вол стрит џурнал“, предлогот првпат бил изнесен за време на телефонскиот разговор помеѓу Путин и Трамп на 9 октомври, кога беше постигнат договор за извоз на руски дизел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира