ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА РУСИЈА ГИ ХАКИРАЛА ДЕМОКРАТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Њујорк,(ДПА)

    ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА РУСИЈА ГИ ХАКИРАЛА ДЕМОКРАТИТЕ

    Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп призна дека хакирањето на функционери на Демократската партија било извршено од Русија и ја искористи првата прес-конференција по изборите да ги нападне медиумите кои објавија дека Кремљ можеби има компромитирачки информации за него.

    „Мислам дека беше Русија, но мислам дека, исто така, и други земји нè хакираат“, кажа синоќа Трамп.

    Настапот на милијардерот пред новинарите беше со цел да разјасни како ќе се дистанцира себеси од своите бизнис интереси пред да ја преземе претседателската функција, но се случи среде растечките контроверзи околу неговите врски со Кремљ.

    Трамп и неговиот адвокат ги презентираа плановите за префрлање на неговите бизнис интереси на неговите возрасни синови, Доналд Трамп Помладиот и Ерик Трамп, и неговото целосно отстранување од операциите на компаниите. Трамп, исто така, се пофали со создавање работни места, дискутираше за плановите да изгради ѕид на американско-мексиканската граница и за укинувањето на здравствените реформи на Барак Обама.

    Сепак, прес-конференцијата почна со изјави од клучни членови на тимот на Трамп во врска со наводите за Русија и тоа беше тема на најголем дел од новинарските прашања. Контроверзите околу меморандумот кој содржи непотврдени обвинувања, вклучувајќи детали за наводни сексуални активности на Трамп во Русија и негови финансиски активности, како и тврдења дека функционери на Трамп се сретнале со Руси за време на кампањата.

    Трамп кажа дека ваквите наводи не требало да бидат објавени. Објавувањето на информациите го нарече „срамота“ и било изведено од „болни луѓе“, кажа тој, напаѓајќи го интернет сајтот „Базфид“ за објавувањето на досието, а, исто така, тој одби да прими прашање од новинар на „Си-Ен-Ен“.

    Текстот со обвинувањата, закачен на крајот од извештајот на американските разузнавачки агенции во врска со руското вмешување во минатогодишните избори, „Си-Ен-Ен“ го објави завчера. Трамп рече дека ја прочитал информацијата, но додаде: „Сè тоа се лажни вести. Измислици. Ништо од тоа не се случило“.

    Портпаролот на Трамп, Шон Спајсер ги отфрли наводите за средби со Руси, а Трамп тврдеше дека отсекогаш бил внимателен во врска со неговите лични работи, посебно кога бил во странство.

    Повеќе од 300 новинари се собраа во фоајето на кулата Трамп во Њујорк среде засилени безбедносни мерки во и околу облакодерот во Менхетн. Првата прес-конференција на Трамп по победата на изборите беше закажана за 15 декември, но беше неколку пати одложувана и повторно закажувана.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира