ТРАМП ПРОГЛАСИ ГОЛЕМА ПОБЕДА ОТКАКО ВРХОВНИОТ СУД ЈА ОГРАНИЧИ МОЌТА НА СУДОВИТЕ ДА ГИ БЛОКИРААТ НЕГОВИТЕ НАРЕДБИ

    ТРАМП ПРОГЛАСИ ГОЛЕМА ПОБЕДА ОТКАКО ВРХОВНИОТ СУД ЈА ОГРАНИЧИ МОЌТА НА СУДОВИТЕ ДА ГИ БЛОКИРААТ НЕГОВИТЕ НАРЕДБИНа владата сега ѝ е дозволено да преземе чекори за укинување на правото на државјанство по раѓање (Фото: АП)

    Врховниот суд на САД им зададе удар на федералните и окружните судии, ограничувајќи ја нивната моќ да блокираат наредби на Доналд Трамп, што тој го опиша како голема победа за неговата агенда. На владата на Трамп ѝ е дозволено да преземе чекори за укинување на правото на државјанство по раѓање по денешната одлука на Врховниот суд.

    Според сегашните правила, сите кои се родени на територијата на САД имаа автоматски право на државјанство, што Трамп најави дека ќе го укине веднаш откако се врати во Белата куќа. Уследија низа тужби, при што окружни судови издадоа национални забрани за да се блокира спроведувањето на наредбата.

    Врховниот суд го одобри барањето на владата да се ограничи обемот на националните забрани изречени од пониските судови и тие да се однесуваат само на сојузни држави, групи и поединци.кои ги поднесоа тужбите.

    Ова е голема, неверојатна одлука, за која владата е многу среќна. Ова е монументална победа за уставот, поделбата на властите и за владеењето на правото. Во изминатите месеци, радикално левите судии се обидуваа да ги поништат моите претседателски овластувања. Националните забрани се сериозна закана за демократијата. Му благодарам на Врховниот суд, Сега можеме да продолжиме со политиките кои погрешно беа забранети“, кажа Трамп, кој назначи тројца од сегашните врховни судии.

    Тој додаде дека државјанството по раѓање не одговара на модерните околности, туку се однесувало на бебињата на робовите.

    На првиот ден од враќањето на функцијата, Трамп потпиша извршна наредба со која им наложи на федералните агенции да одбијат да го признаат државјанството на децата родени во САД кои немаат барем еден родител кој е американски државјанин или законски постојан жител, односно носител на „зелена карта“. Според тужителите кои досега се бореа против ова, на повеќе од 150.000 новороденчиња годишно ќе им биде одбиено државјанство во новите околности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира