ТРАМП ПРВПАТ ПОСЕТИ ВОЕНА ЗОНА И КАЖА ДЕКА САД ОСТАНУВААТ ВО ИРАК

    ТРАМП ПРВПАТ ПОСЕТИ ВОЕНА ЗОНА И КАЖА ДЕКА САД ОСТАНУВААТ ВО ИРАКДоналд и Меланија Трамп ненајавено дојдоа во Ирак (Фото: АФП)

    Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ненајавено ги посетија американските војници во Ирак, што е негово прво доаѓање во воена зона откако стана претседател.

    „Тие отпатуваа доцна на божиќна ноќ, за да им се заблагодарат на трупите за нивните служба, успех и жртвување“, соопшти Белата куќа.

    Откако беше силно критикуван за одлуката да ја повлече војската од Сирија, прогласувајќи пораз на Исламска држава, Трамп нагласи дека засега нема такви планови за Ирак.

    „Сакав лично да ви се заблагодарам што ја поразивте Исламска држава. Кога пред две години станав претседател, таа доминираше во регионот, денес веќе не. Одлична работа“, кажа Трамп, добивајќи овации од присутните војници.

    Трамп планираше да го помине Божиќ во својот голф клуб на Флорида, но остана во Вашингтон поради делумното затворање на владата. Тој се задржа во Ирак три часа.

    „САД можат да ја користат базата во Ирак ако треба нешто да се заврши во Сирија. Од старт кажував дека нашата мисија во Сирија е да ја поразиме Исламска држава. Пред осум години отидовме таму на три месеци и никогаш не си заминавме. Сега е време да го завршиме тоа и знам дека многу луѓе размислуваат како мене. САД не можат да продолжат да бидат светски полицаец“, додаде Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира