Претседателот на САД Доналд Трамп вчера ја започна посетата во Персискиот Залив со ненадејна најава дека САД ќе ги укинат долгогодишните санкции за Сирија, како и тоа дека Саудиска Арабија презела обврска од 600 милијарди долари за да инвестира во САД. САД се согласија да ѝ продадат на Саудиска Арабија пакет за вооружување во вредност од речиси 142 милијарди долари, според Белата куќа, која го нарече најголемиот „договор за соработка во одбраната“ што Вашингтон некогаш го направил.
Крајот на санкциите за Сирија би бил огромен поттик за земјата која е уништена од повеќе од една деценија граѓанска војна. Бунтовниците предводени од актуелниот претседател Ахмед ал Шара го соборија претседателот Башар ал Асад лани во декември. Говорејќи на инвестицискиот форум во Ријад на почетокот на посетата фокусирана на зделки, која исто така донесе бран дипломатија, Трамп рече дека постапува по барањето за укинување на санкциите на де факто владетелот на Саудиска Арабија, принцот Мохамед бин Салман.
О, што се правам за принцот престолонаследник“, рече Трамп, предизвикувајќи смеа кај публиката. Тој рече дека санкциите имале важна функција, но дека сега е време земјата да продолжи напред.
Овој потег претставува голема промена на политиката на САД. САД ја прогласија Сирија за држава спонзор на тероризмот во 1979, додадоа санкции во 2004 година и воведоа дополнителни санкции по избувнувањето на граѓанската војна во 2011. Сирискиот министер за надворешни работи Асаад ал-Шибани на Х рече дека планираниот потег означува „нов почеток“ на патот на Сирија кон реконструкција. Трамп се согласи накратко да го поздрави Ал Шара денеска во Саудиска Арабија, изјави претставник на Белата куќа.
Трамп и саудискиот престолонаследник потпишаа договор кој опфаќа енергија, одбрана, рударство и други области. Трамп се обиде да ги зајакне односите со Саудијците за да ги подобри регионалните врски со Израел и да дејствува како бедем против Иран. Договорот опфаќа договори со повеќе од десетина американски одбранбени компании за области вклучувајќи воздушна и ракетна одбрана, воздушни сили и вселена, поморска безбедност и комуникации, се вели во информацијата на Белата куќа.