ТРАМП СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ЗГРАПЧИ ВОЛАНОТ НА СЛУЖБЕНАТА ЛИМУЗИНА И ДА СЕ ПРИДРУЖИ НА НЕРЕДИТЕ ВО КОНГРЕСОТ, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВА БИВША СОРАБОТНИЧКА

    ТРАМП СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ЗГРАПЧИ ВОЛАНОТ НА СЛУЖБЕНАТА ЛИМУЗИНА И ДА СЕ ПРИДРУЖИ НА НЕРЕДИТЕ ВО КОНГРЕСОТ, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВА БИВША СОРАБОТНИЧКАКесиди Хачинсон кажа дека Трамп ги отфрлил грижите дека некои негови приврзаници носат автоматски пушки (Фото: АП)

    Доналд Трамп се обидел да го зграпчи воланот на претседателската лимузина на 6 јануари 2021 откако обезбедувањето одбило да го вози до Капитол, каде што неговите приврзаници правеле нереди, откри неговата поранешна соработничка Кесиди Хачинсон на сослушувањето за нападот на американскиот Конгрес.

    Тогашниот претседател ги отфрлил грижите дека некои од неговите приврзаници собрани пред Белата куќа носат автоматски пушки „АР-15“ и побарал од обезбедувањето да престане да ги проверува со детектор за метал.

    „Тргнете ги детекторите, тие не се тука за да ме повредат мене“, кажа Хачинсон, цитирајќи го Трамп.

    Повикувајќи се на извори од тајната служба, американските медиуми објавија дека шефот на обезбедувањето на Трамп, Роберт Енгел и возачот на лимузината биле подготвени да сведочат под заклетва дека Трамп никогаш не посегнал по воланот. Хачинсон изјави дека ова ѝ било пренесено од офицерот на тајната служба, Тони Орнато и дека Енгел бил присутен на разговорот.

    Хачинсон сведочеше и дека Трамп се борел со агентите на тајната служба, кои инсистирале да го вратат во Белата куќа.

    „Јас сум вистинскиот претседател, веднаш возете ме во Капитол“, ги пренесе Хачинсон неговите зборови.

    Трамп ги опиша тврдењата на Хачинсон како лажни вести.

    Упадот во американскиот Конгрес, во кој починаа четири лица, уследи откако Трамп ги набеди своите приврзаници дека изборите се украдени, одржувајќи жесток говор на денот кога Конгресот требаше да ја потврди победата на Џо Бајден. На стартот на сослушувањето, Трамп беше обвинет дека се обидел да изврши државен удар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира