Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе уништи Турција економски ако таа ги нападне курдските сили во Сирија по планираното повлекување на американските трупи. Во два твита ноќеска, Трамп кажа и дека не сака Курдите да ја провоцираат Турција.
Американската војска се бореше заедно со курдските милиции во северна Сирија против Исламската држава. Турција, пак, ги смета курдските сили во Сирија за терористи.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган често зборува против американската поддршка за Курдите во Сирија и вети дека ќе ги уништи.
Трамп минатиот месец ги изненади сојузниците и се соочи со силни критики дома откако нареди итно повлекување на американските војници од Сирија.